| четврток, 6 декември 2018 |

Евакуирани жителите во бугарското село Ново Ботево, браната може да попушти

Поради опасност од излевање на браната Ботево, евакуирано е селото Ново Ботево во бугарската општина Добрич, објави „Алфа“. Моментално експерти вршат проценка на местото како и можност за попуштање на ѕидовите на браната. Надлежните смируваат дека водата не може да стигне до градот Добрич, а жителите од селото се пренесени во повисоките делови на селото.Спасувачките екипи ги презедоа сите потребни мерки за обезбедување на безбедност на жителите на населените места, а во опеарцијата учествуваат и голем број на доброволци.

“Проекти за двете клисури има од 2006-та година.Но тие не добиле финансирање. Свлечишта има многу во оваа област и никој не може да каже што се може да се случи поради подземните води“ изјави Иван Портих, Градоначалник на Варна.
Над 700 доброволци учествуваат во расчистување на најпогодената населба Аспарухово во градот Варна. Се собираат облека, ќебиња и покуќнина, како и санитарна опрема и лекови. Во големите поплави и одрони загинаа вкупно 14 луѓе. Причинети се и големи материјални штети за чија висина се уште не е направена проценка. Поради загинатите во поплавите, Ден на жалост е прогласен во понеделник.
Европската унија најави голема помош за нејзината членка, а помош се подготвуваат да испратат и соседните земји. Помош понуди и Македонија за настраданите подрачја во Бугарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top