Конечно пред нас е ден без врнежи. Недела ќе помине во знакот на претежно сончево време. Во текот на денот ќе дува претежно слаб северен и североисточен ветер во западните и централните краеви, а во источниот регион ветерот ќе дува од северозпад и истиот повремено ќе дува со умерена брзина.
Според прогнозата Метеоро, утрото ќе биде малку посвежо. Минималната температура ќе биде во границите од 9°С до 13°С.
Максималната температура ќе биде во мал пораст во однос на претходните денови. Истата ќе достигне вредност околу 26°С во северната половина од земјата, но и во котлините од југозападниот крај. Нешто потопло, до максимална околу 30°С ќе биде во југоисточниот регион.
Вредноста на УВ индексот ќе биде 8 во поголем дел од земјата.
Во скопската котлина се очекува претежно сончево време со слаб ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12°С. Максималната вредност на температурата ќе достигне 27°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.