| четврток, 6 декември 2018 |

Мистерии – исчезнати авиони низ историјата

Погледнете кои исчезнувања на авиони низ историјата ја возбудија јавноста, но и останале потполна мистерија и тема на теоритичарите на заговор. Малезискиот авион кој исчезна на 8-ми март оваа година предизвика огромно внимание кај медиумите и светската јавност, а ниту неколку месеци подоцна се’ уште нема никакви официјални информации.

Семејствата и пријателите се очајни но и понатаму не губат надеж дека некако ќе се појават, иако сите се прогласени за мртви. Погледнете кои други авиони низ историјата ја возбудија јавноста, но и останале вечна мистерија.

Боинг 727 бил украден од аеродром во Ангола – Боингот 727-223 на 25-ти мај 2003-та година бил украден од аеродромот во Луанда. Двајцата мажи Бен Чарлс Падиља и Џон Мајкл Мутант се потпишале како пилот и механичар на одржување на тој авион ноќта кога исчезнал.

За овој вид на авиони потребни се најмалку 3 членови на екипаж, а од тој ден никој повеќе не ги пронашол ниту авионот, ниту пилотите.

misteriozni-ischeznuvanja-na-avioni-niz-istorijata-3

Џез музичарот Глен Милер исчезнал за време на летот – Американскиот музичар Глен Милер на 15-ти декември 1944-та година требал да слета од Велика Британија во Париз на својот настап. Меѓутоа, неговиот авион C-64 никогаш не слетал.

Милен инаку ѝ се приклучил на војската во 1942-та година, во екот на својата слава и две години подоцна стана мејор. Многумина оваа мистерија за неговото исчезнување ја поврзуваат со војската.

Една од најнеобичните теории е германскиот новинар кој напиша дека Милер починал од срцев удар во рацете на француска проститутка, но дека сето тоа американската војска го прикрила.

Воен авион со екипаж исчезнал за време на Виетнамската војна – На летот 739 имало американски војници кои од базата во Калифорнија летале кон базата во Виетнам. На него имало 96 патници и 11 членови на екипаж.

Еден час по последната радио комуникација била пријавена експлозија на небото. Меѓутоа, ниту телата на патниците, ни остатоци од авионот никогаш не биле пронајдени.

misteriozni-ischeznuvanja-na-avioni-niz-istorijata-2

Исчезнувањето на Амелија Ерхарт – Амелија Ерхарт, првата жена пилот која го прелета Атлантскиот окан исчезна на 2 јули 1937 година при обид да ја обиколи Земјата со авион. Потоа се губи трагата околу островот Хауланд во Тихиот Океан. Оттогаш се развија различни теории за нејзиното исчезнување – од тоа дека таа и нејзиниот навигатор Фред Нунан останале без гориво, до претпоставката дека била шпионка и била запленета од Јапонците. Некои претпоставуваат дека преживеала и се преселила во Њу Џерси под лажно име, а други одат во крајност и тврдат дека била киднапирана од вонземјани.

Пет авиони исчезнале над Бермудскиот триаголник – Пет бомбардери на американската морнарица во кои имало 14 членови на екипаж исчезнале над Бермудскиот траголник. Два часа по полетувањето нивната локација станала непознта, а еден час после тоа еден од авионите-бомбардери се јавил дека нема гориво. Воен авион тргнал во спасувачка мисија со 13 членови на екипаж, но и тој исто така исчезнал без трага.

misteriozni-ischeznuvanja-na-avioni-niz-istorijata-1

Бразилски авион со уметнички дела вредни еден милион долари исчезнал – Шестте членови на екипаж, 153 слики во вредност од 1,2 милион долари и авионот исчезнале во 1979-та година.

Само се знае дека полетал од аеродромот во Токио, но тука му се губи секоја трага.

DC-4 исчезнал над езерото Мичиген – 58 лица го изгубиле својот живот во јуни 1950-та година на летот 2510 кој исчезнал над езерото Мичиген. Тој летал од Њујорк кон Минесота, а телата, а ни билокакви остатоци од авионот никогаш не се пронајдени, па ги прогласиле за мртви.

Малезискиот авион – На оваа листа и се придружи и овогодинешното исчезнување на малезискиот авион кој стана вистинска мистерија и тема на најразлични теории на заговор. по 8-ми март 2014-та година, сите 227 патници и членови на екипаж исчезнаа на летот MH370.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top