Иако заврши најпопуларната турска серија „Величествениот“, ова е среќна вест за фановите – ќе се снима и игран филм за Сулејман, во кој главната улога ќе ја игра актерката Мерјем Узерли.
Имено, приказната за Величествениот гледачите набрзо ќе можат да ја гледаат и на филмско платно. Режисерите по огромната гледаност на серијата решиле да снимаат и филм. Премиерата е закажана за крајот на 2015 година, а првите сцени ќе започнат да се снимаат уште во август годинава.
Убавата Мерјем Узерли веќе ја потврдила улогата во филмот, а освен неа ќе се појави и актерката која ја толкуваше улогата на возрасната Хурем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.