| четврток, 6 декември 2018 |

Источна Македонија подготвена да помогне на Бугарија

Градоначалниците од Источно-планскиот регион се подготвени да испратат екипи за санирање на штетите во поплавените подрачја во Бугарија.

– Кога е најтешко, треба да се помогне секому. Пред некој месец им помогнавме и на поплавените во Србија, а сега нашите соседи од Бугарија имаат огромни проблеми. Како регион, сите заеднички ќе се организираме. Стоиме на располагање со сите ресурси што ги имаме, не само од финансиски аспект, туку и сите наши противпожарни единици се на рсполагање, изјави претседателот на Советот на грдоначалници на Источно-планскиот регион Тони Тоневски.

Градоначалникот на општина Штип Илчо Захариев истакна дека утре ќе почнат со организирање на хуманитарна акција поради големите поплави во Бугарија.

– Во текот на утрешниот ден ќе се организираме и преку Амбасадата на Република Бугарија ќе собираме тоа што е неопходно за луѓето од североисточна Бугарија, изјави Захариев.

Потсети дека за Република Србија донирале над 100.000 евра и додаде оти нивната противпожарна единица била во Јагодина цело време, или 10 дена.

Фото: ЕПА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top