Четиричленото македонско семејство кое беше заглавено по поплавите во Варна се чувствува добро и е на сигурно, пишува Алфа. Тие побарале помош од македонската амбасада во Бугарија, која во координација со министерството за надворешни работи им дале препораки како да постапуваат.
Од МНР за Алфа информираат дека засега тоа се единствените граѓани од земјава кои се обратиле за помош по големите поплави кои ја зафатија Бугарија.
Во меѓувреме е потврдена смртта на повеќе лица, кои настрадаа во најтешко погодениот регион на Варна. Таму веќе е прогласена вонредна состојба, а локалните медиуми известуваат дека посебно е тешка состојбата во приморската населба Аспарухово.
Прмиерот Груевски уште синоќа ја понуди и македонската помош за настраданите подрачја во Бугарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.