Вниманието на јавност целосно се сврте кон познатата британска пејачка, Шерил Кол, кога таа објави фотографија од својот задник цел покриен со рози. А сега открива и која била причината за ваквиот потег и колку оваа тетоважа ја чинела.
Неоддамна, во интервју дадено во телевизиска емисија пејачката изјавила дека, за време на боледувањето од маларија, донела големи олуки во животот, а необичната тетоважа е една од нив.
„Откако се излекував од маларијата составив листа на работи кои морам да ги направам, бидејќи тогаш сфатив колку животот е краток. Тетоважата беше на врвот на листата“ – изјави Шерил Кол.
Кога ја прашале колку таа тетоважа чини, Шерил одговорила: „Нико Хуртадо е исклучителен уметник кој ја изработи оваа тетоважа и неговата работа вреди секое пени. Само ќе кажам дека цената беше во илјадници фунти, веројатно со тие пари би можеле да купите одличен автомобил“.
Британската пејачла тетоважата ја направила минатата година во август и фотографијата ја објавила не социјалната мрежа Instagram.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.