Поројниот дожд и грмотевичната бура го оставија во тешка положба Добрич, каде ситуацијата продолжува да е комплицирана. Голем број села во областа се без струја и вода, има прекинати водоводи, а пристапот до пумпните станици и трафостаница е во препреки по поплавите. Браната „Плачи дол“ и понатаму се излива, а во северниот дел на Добрич водата не е опадната.
12 тимови работат на одводнување, но канализацијата не може да ја прими водата.
-„Разговарав лично со еврокомесарот Јоханес Хан. Го имам неговиот збор дека ќе бидат доделени средства за помагање на жртвите од поплавите“, соопшти еврокомесарката Кристалина Георгиева, пишуваат бугарските медиуми.
„Тоа е една од ретките можности нашата земја да добие помош од ЕК, бидејќи иако според бугарските граѓани штетите се огромни, сепак ги исполнуваме европските критериуми за доделување на помош“, рече таа.
„Ситуацијата во Варна е многу лоша и трагична. Среќна сум дека сите луѓе се здружија за да се надминат штетите од катастрофата“, рече таа.
Еврокомесарката Георгиева истакна дека ќе стори сé „за да можат луѓето да се обесштетат и да доијат пари од Европската унија“.
фото: ЕПА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.