| четврток, 6 декември 2018 |

Се судрија шлепер и два голфа, повредена Германка

soobrakjajkakicevo

Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа што се случила во петок попладне на магистралниот пат Велес-Скопје, кај Отовица. Во незгодата учествувале шлепер „мерцедес” со скопски регистерски таблички и два автомобили „голф” со скопски и охридски таблички.

Во судирот полесно е повредена 55-годишна германска државјанка со привремен престој во Скопје, која го возела „голфот” со охридски таблички. Повредената била пренесена во болница во Велес, од каде што по укажана лекарска помош е пуштена на домашно лекување.

Возачот на шлеперот Љ.П. (53) од Скопје и Б.С. (34) од Скопје која го управувала другиост „голф” поминале без повреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top