Четиричленото македонско семејство кое беше заглавено по поплавите во Варна се чуствува добро и е на сигурно, јавува Алфа. Тие синоќа побарале помош од македонската амбасада во Бугарија, која во координација со министерството за надворешни работи им дала препораки како да постапуваат. Од МНР за Алфа информираат дека засега тоа се единствените граѓани од земјава кои се обратиле за помош по големите поплави кои ја зафатија Бугарија.
Во меѓувреме тамошните власти ги бројат жртвите. Засега е потврдена смртта на повеќе лица, кои настрадаа во најтешко погодениот регион на Варна. Таму веќе е прогласена вонредна состојба, а локалните медиуми известуваат дека посебно е тешка состојбата во приморската населба Аспарухово. Дел од жртвите се токму од оваа населба, а материјалните штети се огромни. Бугарија ќе прогласи еднодневна жалост, а претседателот Плевнелиев ги посети настраданите региони. Европската унија најави голема помош за нејзината членка, а помош се подготвуваат да испратат и соседните земји
Прмиерот Груевски уште синоќа ја понуди и македонската помош за настраданите подрачја во Бугарија. Штипски и Пробиштипски градоначлник денеска најавија дека овие општини се спремни да испратат помош, но дали тоа ќе биде во пари, стручни екипи или друго зависи од одговорот кои го чекаат од бугарската амбасада во земјава, со која се во комуникација и коориднација.
Инаку, поради невремето од летувалиштето во Албена беа евакуирани над 1200 туристи од Германија, Русија, Велика Британија и други земји. Иако засега состојбата полека се стабилизира, метеоролозите за наредните денови најавија нови дождови
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.