Маскиран разбојник со нож го ограбил скопското казино „Сенатор“.
Како што соопшти полицијата, инцидентот се случил вчера утрото кога разбојникот влегол во казиното, лоцирано на булеварот „Партизанска Одреди“ и заканувајќи се со нож од двете вработени одзел 160.000 денари.
По грабежот, разбојникот избегал, а полицијата која извршила увид во казиното започнала истрага.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.