Чувството на глад може да биде најнезгодно чувство и затоа и најупорните се простуваат со диетата. Постојат природни и брзи трикови кои проверено и многу делотворно ја залажуваат гладот, а ни се наоѓаат буквално пред нос.
Вода
Чувството на глад е поврзано со празниот желудец кој бара храна, но исто така и со дехидрација. Ако планирате да загубите неколку килограми присилете се во текот на целиот ден да пиете вода. Освен што ќе ви го исчисти телото, водата максимално ќе ја ублажи гладот, па дури ќе направи да ја снема.
Вежбање
Размислете кога сте најгладни? Одговорот е едноставен, кога ви е здодевно. Во текот на излежувањето скоро сите размислуваат што да каснат. Токму затоа ваш сојузник нека биде вежбањето. Го забрзува метаболизмот и ја зголемува циркулацијата.
Искреност
Грицките помеѓу оброците се најлошиот непријател на секој кој планира да загуби некое кило, бидејќи освен што се извор на непотребни калории, многу пати не сме ни свесни колку сме изеле. Наместо тоа бидете искрени кон себе си и запишете се што сте изеле помеѓу оброците и обидете се грицкањето да го замените со чаша вода или чај без шеќер
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.