Криминалецот со лице на топ модел чија фотографија ги преплави социјалните мрежи и предизвика воздишки кај жените ширум светот е оженет.
30-годишниот криминалец Џереми Микс претходно е осудуван, а овојпат е приведен поради илегално поседување на оружје, носење оружје во јавноста и припаѓање на криминална група.
Микс од затворот порачал дека за својата ненадејна популарност дознал по разговорот со својата сорпуга. Во брак се четири години и имаат едно дете, тригодишен син.
Медиумите не откриле која е „среќната“ дама, но на неговиот профил на Фејсбук можат да ги видат фотографиите на кои со него е женска личност, а веројатно станува збор за неговата сопруга. Мајката на Џереми Микс открила дека тој има син.
Во интервјуто кое го дал, 30-годишниот затвореник објаснил дека е уапсен откако полицијата пронашла пиштол во неговиот автомобил. Тој тврди дека повеќе не мисли да се занимава со криминал.
Згодниот криминалец не сакал да го открие значењето на солзата која ја истетовирал под левото око, а познато е дека таквата симболика во криминалните кругови често има врска со казната поради извршено убиство. Џереми рекол дека тетоважата е потсетник на грди, лоши работи во минатото кои со задоволство би ги заборавил. Полициските службеници велат дека Џереми е еден од најопасните и најнасилните криминалци на подрачјето на калифорнискиот Стоктон, но не сакале да наведат за какви сè злодела Микс е одговорен.
Неговите роднини, односно неговата мајка објаснила дека Џереми го напуштил криминалот пред седум години, дека пронашол спас во верата и се смирил по женидбата и раѓањето на детето. Кетрин Ангер, неговата мајка, тврди дека нејзиниот син е невин и дека го уапсиле само на основа на предрасуди и бројните тетоважи кои ги поседува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




