Британската полиција потрошила 6,4 милиони фунти за полициското обезбедување на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, кој од 19 јуни 2012 година се наоѓа во Амбасадата на Еквадор во Лондон, соопшти Скотланд јард.
Во вкупната сума влегуваат платите на полицајците, паричниот надомест за дополнителни часови, како и употреба на возила, канцеларија и разна опрема.
Скотланд јард не сакаше да наведе колку полицајци го обезбедуваат 42-годишниот Австралијанец.
Веќе две години британската полиција 24 часа дневно го обезбедува просторот пред Амбасадата на Еквадор во Лондон.
Претседателот на Еквадор, Рафаел Кореа неодамна изјави дека Асанж може да претстојува во Амбасадата колку што сака. Доколку Асанж излезе од Амбасадата веднаш би бил уапсен и испратен во Шведска каде е обвиент за сексуално злоставување. ми/зш/15:36
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.