| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе партнери, помалку секс!

секс

Сексот продава. Тоа е очигледно, бидејќи кај и да се свртиш во денешно време има бројни билборди, реклами и слични промотивни материјали кои асоцираат токму на тој чин. Но што се случува во кревет?

Последното британско истражување на оваа тема покажа дека како што поминуваат годините, луѓето имаат се повеќе партнери, но помалку секс. Денес жените во просек за време на животот имаат 7,7 сексуални партнери, а одамна, во 1991 година просекот бил 3,7. Машките пак денес имаат во просек 11,7 партнерки за разлика од 1991 година кога просечно имале 8,6 партнерки. Бројките покажуваат и дека жените во просек месечно имале секс 6 пати а додека денес помалку од 5.

Причината за сето ова според сексолозите е начинот на живот. Темпото е многу брзо, постојано има обврски кои мора да се исполнат и агендата за секој ден не била како пред 25 години. Од друга страна и либерализацијата на ставовите за сексот доведе за него да се има еден поинаков пристап. Полесно се одлучуваат за секс со нов дечко/девојка отколку за секс за една ноќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top