| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски студенти за „Дурекс“ создадоа апликација за сексуална едукација

Целта на мултифункционалната апликација, која содржи едукативен квиз со чие одговарање се добиваат точните информации, календар за овулација како и други интересни и корисни содржини, е корисниците да може да добијат сигурни и проверени информации за превенцијата од сексуално преносливи инфекции и кои се најсигурните средства за заштита од непланирана бременост.

„Дурекс“ го избра победничкиот тим на креатори Жанко Митрески како координатор, Ерхан Таири и Тони Наковски, кои за оваа апликацијаза паметни телефони и таблети беа соодветно наградени.

Durex_aplikacija_2

– Денес младите луѓе буквално зависат од своите паметни телефони и можностите што ги имаат, затоа веруваме дека преку една ваква апликација најлесно ќе стигнеме до нив. Со „Дурекс“ апликацијата целта ни е да им помогнеме да дојдат до точни и проверени информации, одговори на прашања што се срамеле или не знаеле каде да ги добијат во врска со сексуално преносливите инфекции, несакана бременост и воопшто за сексуалната одговорност – изјави Елена Гагиќ од „Меркур трејд“, генерален застапник за „Дурекс“ во Македонија.

Студентите од Универзитетот „Св. Апостол Павле” од Охрид ги демонстрираа своите напредни програмерски знаења и на барањето одговорија со врвен квалитет. Секој од трите тима кои се натпреваруваат разви одличен концепт и креативни решенија за апликацијата. Победничкиот тим е награден со таблет – уреди, а нивната апликација ќе биде искористена од брендот „Дурекс“ и ќе биде достапна за симнување на AppStore и Google Play на локално ниво.

Апликацијата наскоро ќе биде достапна AppStore и Google Play за македонските корисници да може да ја симнуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top