| четврток, 6 декември 2018 |

Иксфакторско селфи – финалистите патуваат за Кратово (ФОТО)

Кајмакоски, Тамара, Маид и „Доктори“ пристигнаа во Кратово, каде што вечерва како дел од „Кратовските златни денови 2014“ ќе настапат на главната сцена.
Фестивалот ќе го отвори групата на Коки од „Дуле и Коки“, „Тајфата“, а по нив ќе настапат „Љубојна“. Вечерната програма ќе ја затворат финалистите на „Икс-фактор“.
На сцената на базенот ќе настапат диџеите Бабура, Бранчез и Боби.
Утре програмата на главната сцена, пред платото на Општина Кратово, продолжува со настап на шест европски состави, кои ќе настапат на Евроспкиот фестивал во тамбура, а по нив ќе се претстави составот „Оџила“ од Србија. На базенот, пак, одговорен за забавата за најмладите е диџеј Шорти Панчо.
Неделното попладне е резервирано за златните славејчиња. Во текот на саботното и неделното поладне на сцената пред Музејот свои настапи ќе имаат локални групи и диџеи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top