| четврток, 6 декември 2018 |

Адеми нов министер за образование, Ристовски останува во МОН

Во Министерството за образование и наука денеска беше  извршено примопредавање на функцијата министер за образование и наука, меѓу досегашниот министер Спиро Ристовски и новоизбраниот Абдилаќим Адеми.

rist-500

Досегашниот министер Ристовски му посака успешна работа на новиот министер за образование Адеми истакнувајќи дека со него и досега соработувале и реализирале многу проекти во Владата нагласувајќи дека и во наредниот период заеднички ќе продолжат да реализираат голем дел од проектите во рамките на МОН.

– Посакувам одлична работа, успешна реализација на голем број од проектите и многу успех во секојдневното функционирање на МОН. Во изминатиот период со сиот мој капацитет се заложив максимално да ги реализирам проектите кои што беа предвидени во рамките на програмата за работа на Владата и верувам дека кај голем дел од грѓаните постои задоволство од сето она што го реализирав – истакна Ристовски.

Ристовски на учениците и сите кои се дел од системот на образование им посака успех во следниот период и информираше дека во следниот период заеднички со министерот Адеми ќе ја продолжат реализацијата на проектите коишто се досега започнати и новите проекти коишто се предвидени во новата 4 годишна програма на Владата.

Новиот министер Адеми истакна дека образованието е комплексна област и тоа што Ристовски останува во МОН е голема предност за него бидејќи тоа значи дека ќе има континуитет во рабоатата во МОН.

– Ќе продолжиме да ја спроведуваме програмата на Владата во областа на образование и наука. Тоа што е зацртано е амбициозна програма, бара многу напори и финасиски средстсва и соработа. Се надевам дека и со досегашната динамика како што работевме како Влада ќе продолжиме и понатаму – посочи Адеми.

Тој заклучи дека одлуките на МОН ќе бидат добро консултирани со јавноста и со сите засегнати страни, ќе бидат одлуки кои ќе се консултираат со другите институции кои имаат заеднички надлежнисти, а особено општините, синдикатите, вработените.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top