| четврток, 6 декември 2018 |

Три модели на чевли кои „нѐ убиваат“ а упорно ги носиме

imgSizerCrop.aspx

Поголем број жени се жалат на болести на стапалото поради модерните обувки. Постојат три модели на чевли кои „нѐ убиваат“, а упорно ги носиме.

1. Платформи – голем ризик за зглобовите

Жените, пратејќи ги модните трендови, ќе облечат сѐ, па дури и чевли со платформа. Овие обувки може да ја нарушат рамнотежата, така што зглобовите страдаат. Не се препорачува со нив да се вози автомобил.

2. Високи потпетици – долгорочна штета за телото

Потпетицата која го оптоварува рисот и глуждот , ги истегнува тетивите, коската во петата и коските зад прстите, може сериозно да го загрози здравјето. Оптимално висока потпетициа е добредојдена, а екстремно високите потпетици се лоши.

3. Балетанки – чекор најблизу до најлошите

Балетанките се само за малку подобри од најлошите можни обувки – апостолките! Колку и да сакаат жените да ги носат, погубни се за стопалата, а посебно за петиците. По завршување на сезоната на носење балетанки, многу жени бараат помош кај ортопед поради болки во петиците.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top