Балканската ѕвезда Лепа Брена ќе биде дел од утрешниот голем концерт на националната арена „Филип Втори“ во Скопје. Водителот Драган Вучиќ во квизот „Среќни коцки“ откри дека и Брена ќе настапи како гостин на концертот на Жељко Јоксимовиќ.
Според организаторите, утревечер се очекува 50-илјадна публика, имајќи предвид дека досега се продадени 35.000 карти.
Сцента, која се местеше три дена, веќе е подготвена, а опремата на Јоксимовиќ пристигна со 15 шлепери.
Покрај Брена, утревечер на сцената со Жељко ќе се појават и Даниел Кајмакоски, Жељко Самарџиќ, браќата Тавитјан и „Рибља чорба“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.