Хакери од Кина стојат позади вчерашниот пад на сајтот на „Фејсбук“ кој не беше во функција еден час.
Вебсајтот на „Фејсбук“ и апликациите беа недостапни околу половина час вчера, што беше најдолгото време на недостапност на веб страната за овие неколку години.
Социјалната мрежа сеуште не открила што доведе до ваквата ситуација, па излегоа шпекулации за причините- дека можеби била нападната од дистрибуиран ДДОС напад (denial-of-service – DDOS).
Ваквите напади ги соборуваат веб страниците со тоа што ги бомбардираат со вештачки сообраќај кој ги преоптоварува нивните сервиси и редовно се користи за уривање на големи вебсајтови.
„Мапата на напад“ создадена од компанија за сајбер безбедност „Norse“ покажа активност за време на нападот којшто индицира дењка ваквиот напад можеби потекнува од Кина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.