Најмалку 11 лица загинаа во поплавите предизвикани од поројните дождови што ги зафатија севрозападните приморски делови на Бугарија, јави БТА.
Во црноморскиот град Варна животите ги загубија десет лица, а три се водат како исчезнати. Бугарскиот министер за внатрешни работи Цветелин Јовчев соопшти дека меѓу загинатите има и две деца. Според него, од поплавите најтешко е погодена населбата Аспарухово од каде што потекнуваат и сите жртви.
Јовчев нагласи дека засега има податоци и за еден загинат во градот Добрич, во кој има поплавени делови и од каде се евакуирани околу 150 лица.
Постои опаснсот и за поплави во регионот на Велико Трново во северниот дел на Бугарија, каде нивото на реката Јантра е значително покачено и е близу до критичната точка на излевање.
Јовчев нагласи дека ситуацијата со поплавите во Бугарија постепено се стабилизира, но дека и натаму останува критична.
Спасувачките екипи работат во сите поплавени подрачја, а експертите се уште ја проценуваат состојбата која за сега има трагични последици, нагласи Јовчев.
Поплавените делови на Варна претпладнево ги посети и бугарскиот премиер Пламен Орешарски, кој изрази сочуство до семејствата на загинатите и потврди дека Владата ќе обезбеди финансиска помош за надминување на последиците од поплавите.
Црвениот крст на Бугарија веќе испрати вода, храна и основни намирници во поплавените подрачја, најавувајќи и дополнителна помош за настраданите.
Претходно, бугарскиот министер за одбрана Ангел Најденов при постета на Варна нагласи дека состојбата во поплавените реони на градот е „кошмарна“ и дека е предизвикана голема штета.
Бугарската министерка за здравство Тања Андреева пак инфромираше дека во двете главини болници во Варна биле хоспитализрани девет лица, кои се здобиле со полесни повреди при налетот на водата.
Бугарските телевизии емитуваа снимки од Варна на кои се гледаат поплавни улици, при што нивото на водата на одредени места достигнува и до еден метар. Во градот се испратени спасувачи екипи, кои им пружаат помош на настраданите. Во пружањето помош на настрадените се вклучени околу 150 лица, меѓу кои и припадници на бугарската Воена морнарица.
Во Врана веќе започна примена и на антиепидемиолошки мерки, со цел да се спречи евентуална појава и ширење на инфекции и заразни болести.
Главниот здрвствен инспектор на Бугарија, Ангел Кунчев изјави дека во поплавените делови на Варна е исклуен дотекот на вода преку водоводната мрежа, поради опасноста од нејзино загадување.
Тој апалираше и да бидат уништени сите трупови на угинати животни, бидејќи тие претставуваат главна опасност за ширење на зарази.
Делови на Бугарија последниве денови се зафатени од поројни дождови и град, кои предизвикаа и повеќе дефекти во електро преносниот систем, поради што илјадници лица остнаа без електрична енергија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



