Пет момчиња загинаа во тешката сообраќајна несреќа што се случи во Батајница на автопатот кон Нови Сад, кога слетале со автомобилот и удриле во надвозникот.
Момчињата се на возраст од 18 години, а сообраќајната несреќа се случила рано утринава, во 03.25 часот кај новиот надвозник во Батајница, изјавиле за „Танјуг“ од Итната медицинска помош во Белград.
Како што пренесува РТС несреќата се случила на автопатот кај Нови Сад, односно на обиколницата кај Белград кај Батајница. Несреќата се случила кога автомобилот удрил во ѕидот на надвозникот во изградба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.