| четврток, 6 декември 2018 |

Момче изгоре во автомобил кај Подмолје

Фотоилустрација

Младо момче загина во тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа во 1.30 часот кај охридското село Подмолје.

Според локалниот сајт „Охриднет“, се работи за младо момче од Охрид, кое управувајќи со автомобил од марката „шкода“ од непознати причини удрило во бетонски столб.

По ударот автомобилот се запалил, се претпоставува дека поради тешките повреди од ударот, момчето не успеало да го напушти возилото и изгорело внатре во него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top