| четврток, 6 декември 2018 |

Женскиот младински хор на МКЦ освои две втори места на натпревар во Полска

krakov

Женскиот младински хор на МКЦ, под диригентската палка на маестро Сашо Татарчевски, од 12 до 15 јуни 2014 година учествуваше на петтиот меѓународен хорски натпревар, кој се одржа во Краков, Полска.

Хорот одржа два целовечерни концерти во двете најпознатите концертни катедрали во Краков, пред многубројна публика и имаше со извонредни реакции и критики, соопштуваат од МКЦ.

krakov1

Во натпреварувачкиот дел од фестивалот настапиле хорови од Италија, Шведска, Данска, Норвешка, Латвија, Естонија, Германија, Русија, Украина, Србија, Словенија, Израел, Чешка, Полска. Женскиот младински хор се натпреваруваше  во две категории (категорија Б2 – женски хорови и категорија Ф – фолклорна и популарна музика) и во двете ги освои високите втори места. Успехот е дотолку поголем ако се знае дека на овој натпревар се доделуваат само по една прва, втора и трета награда во категорија, без разлика колку хорови има во неа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top