Удавен маж на околу 60 годишна возраст доцна попланево било пронајден во водите на реката Црни Дрим во Струга кај истекот на браната во Струга, јави НОВА ТЕЛЕВИЗИЈА.
Трагичниот настан за НОВА го потврдија и од охридската полиција,но засега не се знае идентитетот на давеникот,ниту дали станува збор за лице од Струга или гостин од надвор.
Според кажувања на очевидци за НОВА, телото било забележано како плута во водите на реката по што веднаш случајот бил пријавен во полиција. Неофицијално првично е утвдено дека врз телото на давеникот нема траги на насилство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


