Маскиран како Спајдермен, 31-годишниот скопјанец вчера ја ограбил поштата во скопски Бит-пазар, дознава „Прес24“.
Според истите информации, полицијата веќе го привела досетливиот ограбувач, кој го признал делото, но кај него, од украдените пари, пронашле само 3.000.
Момчето успеало да ја испразни касата со обичен пластичен пиштол, тој подолго време ги следел случувањата во поштата, со оглед на тоа што работел во хотелот од спротива.
Експозитурата на Македонска пошта беше ограбена вчера во 7.30 наутро. Од Македонска пошта, пак, информираат дека од поштенската единица на бул. Крсте Мисирков на Бит-пазар биле одземени 46.000 денари, парични средства што се осигурани, а не како што беше објавено во медиумите 80.000 денари.
Македонска пошта, со цел да се намали бројот на кражби, подготвува тендер за заштита на поштенските објекти. Станува збор за интегриран тростепен систем на заштита, со кој ќе бидат покриени сите единици на поштенска мрежа на Македонска пошта и со кој се надеваме дека бројот на кражби, кој во последно време и така е сведен на минимум, во иднина нема да претставува закана за работењето на Македонска пошта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


