| четврток, 6 декември 2018 |

Најдобри пози за секоја величина на пенисот

Различните големини на машкиот полов орган нудат и различни пози со кои најдобро може да се достигне сексуалниот врв. Како да го максимизирате вашето задоволство ако вашиот партнер има средна, мала или голема величина?

Г-дин Просечен

Во овој случај, повеќето пози се одлични, па слободно може да се експериментира, но експертот за секс, Емили Морс, ја препорачува позата „клекнат змеј“.

– Завиткајте ги рацете околу неговите рамена, а нозете околу половината, така што неговото тело да ви биде човечка столица – советува таа.

Г-дин Голем

Поминете добри 10 до 15 минути во предигра, доволно за женската интима да се рашири и навлажни, но сепак, користете и ектра лубрикант. Одберете ја позата во која жената е горе, така што може да ја контролира пенетрацијата

– Мажот лежи на грбот додека неговата партнерка е врз него, но во позиција како да прави склекови. Така, пенетрацијата нема да биде толку длабока и болна – советува Емили Морс.

Г-дин Мал

Во овој случај, најдобро е кога мажот е од позади, ја има контролата и се мести така што гледа да влезе најдлабоко што може.

– Жената лежи на стомак, а задникот и е подигнат со перница. Најдобро е постојано да ги стега бутовите и вагиналните мускули – советува Деби Хербеник, сексолог на Универзитетот во Индијана.

Извор: womenshealthmag.com

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top