Утринава околу 5 часот падна потпорен ѕид во дворот на детската градинка „Кочо Рацин“ – клон „Панорама“, објави „А1.Он“.
Потпорниот ѕид се одвои од земјиштето поради обилните врнежи.
Овој потпорен ѕид немал лежиште, а и дебелината на потпорниот ѕид била 15-20 см, недоволна за да може да го задржи земјиштето.
Ѕидот паднал во дворот каде што вообичаено си играат децата од градинката. Среќа во несреќа е што ова се случило во раните утрински часови кога децата сѐ уште не биле пристигнати во градинката.
Оштетени се детски реквизити и електричната мрежа за улично осветлување во градинката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Скандал во градинка: Учителка со сила брка и влече дете по под (видео)
-
Драма во градинка во Прилеп: Вработена физички нападната од сопруг на колешка
-
Родителите и негувателките дале изјави за настанот во градинката „Буба Мара“
-
Избегнат поголем инцидент во скопска градинка: Извадиле пиштол и нож спремни за пресметка



