Новите резултати за млекото во Србија се полоши од претходните, нивото на афлатоксинот е за седумпати поголемо од дозволеното, обзнани потпретседателот на војводинската влада, Горан Јешиќ.
-Лицемерно би било да премолчам, а на моите деца да не им давам млеко, го пренесуваат српските медиуми кои додаваат дека резултатите ќе бидат официјално објавени за три до четири денови. Се чека супервизија на резултатите, а ниедна српска лабораторија не сакала да го стори тоа, па резултатите се пратени во Германија.
За обвинувањата дека неговите изјави се за добивање политички поени и „буткање“ да се увезе млеко од посочена компанија, Јешиќ вели дека се замена на тези. Додава дека резултатите прво ги пратив во владата во Белград, а по законскиот рок ја објавил информацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Дали вашето тело не поднесува млечни производи: Не би ги препознале овие 7 симптоми
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Две жени се истепаа за евтино пилешко, маж купи 500 кила шекер (видео)