Во самиот почеток на кариерата на познатиот француски дизајнер чие име и до денешен ден претставува синоним за иновации и луксуз… Филмот „Ив Сен Лорен“ го прераскажува неговиот живот од 1958 година, кога како млад и талентиран дизајнер го запознава неговиот љубовник, а подоцна и бизнис партнер, Пјер Берже. Филмот ја раскажува приказната за неговиот личен карактер и широк поглед кон светот по што е самиот тој запаметен.
Режисерот Жалил Леспер изјавува: „Сакав да снимам силна, епска љубовна приказна. Сакав да ги прикажам ликовите кои силно се трудат да ги остварат своите сонови. Додека размислував за тоа, се сетив дека постои таков човек кој совршено се вклопува во мојот нов проект – Ив Сен Лорен.
За почеток, импресиониран сум од неговата единствена харизма, но и од неговата ранливост и невиност. Беше неверојатно паметен и безрезервно предаден на својата уметност. Притоа, длабоко ме трогна неговата целоживотна љубовна приказна и односот со Пјер Берже. Покрај тоа, Ив е воодушевувачка креативна сила. Вистински создавач, невидено продуктивен и секогаш пред своето
време – вистински авангарист. “
Безвременската сагата која не го слави само нагледаниот спорт во светот, туку претставува и израз на надеж, духот и единството „ФИФА: Обединета страст“ ни пристига овој четврток на големото платно.
Група страсни европски бунтовници ќе ги обединат своите сили за да започнат амбициозен проект: Меѓународна федерација на фудбалски асоцијации (ФИФА). Ова е епска нераскажана приказна која ја оживува инспиративната сила за Светското првенство и зборува за тројца пожртвувани луѓе кои се осудиле да ја започнат. Водени од амбицијата и визијата Жил Риме, Жоао Аваланж и Сеп Блатер ги пребродуваат нивните стравови и сомневања и тргнуваат во борба против
сите препреки и скандали како би го организирале Светскиот Куп.
Возбудлива втората глава од епската трилогија „Како да го дресирате вашиот змеј 2“, нè носи во фантастичниот свет на Штук и Беззабиот на островот Берк, пет години откако змејовите и Викинзите успешно се смирија. премиерно пристигнува овој четврток. Овој анимиран филм ќе ги придобие симпатиите на сите генерации. Додека Астрид, Снудлуд и останатите членови на екипата постојано се предизвикуваат едни со други во трките со змејови, нов омилен контактен спорт на островот, неразделните Штучко и Беззаб го крстосуваат небото откривајќи нови светови. Откако во една таква нивна експедиција ќе
откријат една тајна пештера, дом на стотици нови змејови и нивниот мистериозен водич, двајцата пријатели ќе се најдат во центарот на една војна чија цел е да се заштити мирот. Единствено ако ја здружат силата, тие двајца имаат сила да помогнат за подобра иднина на змејовите и луѓето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.