| четврток, 6 декември 2018 |

ЕК: „Јужен тек“ не е откажан, туку е запрен

JUZEN_POTOK

Проектот за изградба на гасоводот „Јужен тек“ не е откажан, туку е привремено запрен, сè додека не одговори на законските барања на Европската унија, изјави синоќа на прес-конференција во Брисел еврокомесарот за енергетика Гинтер Етингер.

Во врска со изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за проектот, Етингер изјави дека „тој е дел од играта“.

– Неколку години веќе имаме редовни контакти со нашите руски партнери во врска со „Јужен тек“, најнапред во проектната фаза во 2010 година. Можеби тоа што министерот го вели е дека енергетиката е дел од политичката игра, а не само прашање во сферата на инфраструктурата и не само економско прашање – додаде Етингер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top