Нивес Целзиус сними спот за навивачката химна „Take me to Brazil“, а се надева дека со истиот ќе ги инспирира хрватските репрезентативци да постигнуваат повеќе голови.
-Со оглед на тоа дека момците беа толку широкогради и не почестија со своите голи задници, еве нешто и за нив, за загревање пред следниот натпревар, порача Нивес.
Таа се надева дека видео записот ќе делува испиративно и ќе ги мотивира „коцкестите“.
-Во песната еден дел е за најпознатата навивачка Лариса Рикелме која се прослави откако мобилниот телефон го стави меѓу градите, а нејзината фотографија ја виде целиот свет. Во спотот алудирам на тоа, а со ставањето на мобилниот во гаќичките сакав да ја надминам, додава Нивес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.