| четврток, 6 декември 2018 |

Зависноста од смартфони предизвикува сериозна нервоза

Се е поголем бројот на луѓе, посебно меѓу младите, кои се зависни од својот смартфон, што се згрозуваат од помислата да останат без него некое време, при што кај нив се јавува сериозна нервоза.

Истражувањето спроведено од Институтот Нилсен покажува дека со овој феномен најмногу се зафатени корисниците на смартфон во Сингапур, Јужна Кореја, Кина и Тајван.

Најмногу паметни телефони по глава на жител имаат граѓаните на Сингапур и Хонг Конг и тоа двапати повеќе од Американците.

Азијците, исто така, се лидери и по должината на времето кое го поминуваат во пребарување на своите смартфони, а во тоа се толку неумерени што покажува и се поголемиот број на психички заболените меѓу зависниците од мобилен телефон.

Зависноста толку многу се проширила што во Сингапур е започната кампања во основните училишта под името „Кибернетичка корист“, со цел на учениците и родителите да им се укаже на опасноста од преголема употреба на смартфони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top