Вистинското прашање што некои луѓе од „опозицијата“ треба да си го постават, е зошто власта решила да се смилува и да преговара со волку евидентно, раштиман оркестар?!
Ова денеска на својот ФБ профил го напиша колумнистот Ивор Мицковски, некогашен близок соработник на раководството на СДСМ.
– Вистинското прашање што некои луѓе од “опозицијата” треба да си го постават, е зошто власта решила да се смилува и да преговара со волку евидентно, раштиман оркестар?! Гледам дека не им е јасно и гледам како сакаат веќе политички да поентираат дека нешто постигнале. Тоа е смешно, но уште повеќе е крајно нереално. Власт преговара со ваква “опозиција”, затоа што се чувствува пресилна, способна секое барање да го изигра, а земајќи ја во предвид слабоста на противникот, дури и нешто да прифати, а притоа ништо да не изгуби. Настрана тоа, не ја разбирам дарежливоста на ДПМНЕ, напиша Мицковски на својот „Фејсбук“ профил.
Инаку, Мицковски беше избркан од соросовиот портал Окно поради тоа што жестоко го нападна раководството на СДСМ предводено од Зоран Заев и Радмила Шекеринска. Пишуваше дека лидерот на СДСМ и дел од олигархија, а неговата заменичка „сноб кој пере пари преку кирии“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ивор Мицковски: Како го преполовивте загадувањето на зборови, просто неверојатно!
-
Ивор Мицковски: Убаво се поклопи Денот против насилство врз жената, со партиското насилство врз жена која сакала да воведе ред во една институција
-
Мицковски: Првичната цена 400, сега 600 милиони и ти вика дека заштедиле 100
-
Ивор Мицковски до Зекири: Не продавај пуфки! Пола Влада и коалиција ви се криминалци



