| четврток, 6 декември 2018 |

АМСМ: Внимателно возење поради влажноста на коловозите

Внимателно возење со прилагодена брзина и почитување на поставената сообраќајна сигнализација, препорачува АМСМ поради влажните коловози.

Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

Сообраќајот на сите останати патишта во Македонија попладнево се одвива без забрани. На патниот правец Кичево – Охрид во близина на Ботун поради изведување градежни работи, сообраќајот е наизменично регулиран со семафори за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top