| четврток, 6 декември 2018 |

Доктор Оз призна дека дел од неговите совети биле само маркетинг и не дејствуваат (видео)

Еден од најпознатите тв лекар е Др. Мехмет Оз, на јавноста попознат и само како Др. Оз, се соочува со сериозни обвинувања од страна на американските сенатори во врска со заштита на потрошувачите.

Обвиненијата се засноваат на тоа дека тој предлагал користење на производи кои би им помагнале на луѓето во процесот на слабеење, иако тие го немале тој ефект.

-Не знаеме зошто го правите тоа, кога и самите знаете дека тоа не е вистина. Научната заедница е едносгласна против вас, кога станува збор за ефикасноста на трите поризводи кои во вашата емисија ги нарекувате „чудесни“, изјавила сенаторката Клер Мек Каскил.

Оз признал дека понекогаш се користи со зборови кои ги „разубавуваат“ изразите кои ги користи во неговата емисија, во моментите кога на јавноста им препорачува некој производ.

-Признавам дека со тоа ја отежнувам работата на колегите, изјавил Оз.

Сепак, во своја одбрана тој изјавил дека мора да биде страствен во реализацијата на желбата да им помогне на гледачите.

-Кога го пишуваме сценариото за емисијата, мора да создадеме ентузијазам и да поттикнеме заинтересираност кај гледачите, објаснил доктор Оз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top