| четврток, 6 декември 2018 |

БПЦ не одобрува одржување геј парада во Софија

Синодот на Бугарската православна црква (БПЦ) се противи на одржување геј парада закажана за 21 јуни во Софија. Црквата соопшти дека таа парада „широко пропагира и јавно демонстрира грев“.

gej-parada-na-taksim-4

Наведени се бројни библиски цитати меѓу кои и дека во царството Божје нема да влезат „блудници, прељубници, крадци, користољубиви луѓе, пијаници…“

Тие кои сакаат вечно спасение, треба да искажат одговорност спрема својот живот на земјата. Црквата не одобрува организирање на парадата бидејќи смета дека тоа е опасност за доброто воспитување на децата, ги руши вредностите на традиционалното семејство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top