| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто изневеруваат жените, а зошто мажите?

секс

Ако се знае зошто изневеруваат мажите и жените, некои врски може да бидат спасени. Според истражувањето на британскиот портал за наоѓање партнери Елит синглс, повеќето мажи не знаат зошто го прават тоа. Истиот одговор бил даден од страна на една третина од жените кои учествуваа во истражувањето во кое биле вклучени 667 мажи и жени.

Оние кои знаат зошто го прават тоа, обично одговориле дека сакаат да пробаат  секс со некој друг (28 отсто),  а околу 12 отсто бидејќи се заљубиле во друго лице. Кај жените 35 отсто бидејќи им станало досадно во врските, 27 отсто од нив бидејќи се заљубиле во друг, а 16 отсто бидејќи сакале секс со друг маж. Мал број и мажи и жени би се впуштиле во неверство за одмазда на партнерот. Истражувањето открило дека мажите најмногу мамат поради физичка привлечност, а жените од емоционални причини. Но не се само проблемите во врската причина за неверство. Повод се и биолошките како нивото на хормони или културолошки поради честите сексуални содржини на ТВ и интернет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top