Жените треба да имаат разбирање што нивните партнери не можат да им посветат доволно внимание за време на Светското првенство, (лошо) советува „Космополитан“.
Според истражувањето спроведено меѓу 2.000 Британци, 40 отсто од мажите ќе одбијат каква било сексуална активност за време на важните натпревари. Уште покатастрофална е бројката од 42 проценти кои, ако веќе имаат секс со партнерка, би се потрудиле чинот да заврши што е можно поскоро, така што мирно би продолжиле со гледање на мечот.
37 проценти од нив ќе се согласат на секс, но со паралелно вклучен телевизор, така што би можеле да фрлат окце на тоа што се случува на теренот, а 27 проценти од нив признале дека за време на сексот мислите ќе им лутаат кон настаните во Бразил.
Освен фудбалот, кој е број еден изговор, мажите имаат уште некои причини за одбивање секс: болки во грбот, замор, главоболка, прекувремена работа, се напил некоја чаша повеќе, нема волја, не се чувствува добро, утре мора да стане рано.
Според анкетата на „Република“, пак, Македонките го немаат овој проблем бидејќи поголемиот број на мажите во земјата би го одбрале сексот дури и кога се работи за финалниот натпревар на мундијалот.
Повеќе детали тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.