По неколкугодишно отсуство, „Кратовските Златни денови 2014“ е еден од настаните со кои градот почнува да го враќа својот препознатлив сјај и преку забавни содржини, да ги враќа туристите назад во градот со големо историско значење.
Фестивалот ќе се одржува на неколку различни локации низ градот овој викенд, од 20 до 22 јуни. Првиот фестивалски ден е резервиран за забавни изведувачи, а како главни ѕвезди на вечерта се најавуваат финалистите на „Икс-фактор“. Дополнително, на првата фестивалска вечер ќе настапат и „Љубојна“.
Фестивалот е главно инспириран од Европското првенство во тамбури кое ќе се одржи на 21 јуни, заедно со настапот на составот „Оџила“.
22 јуни е ден предвиден за најмладите, со забавни содржини кои ќе бидат главно наменети за оваа возрасна категорија.
Фестивалот е замислен и како своевидна промоција на убавините на Кратово, па за таа цел ќе бидат организирани интересни дополнителни активности за сите посетители почнувајќи од посета на локалитети, се до одржување на концерти на специфични локации во пријатен амбиент, како и забава за помладата публика со диџеите од „Сити радио“ и диџеј Шорти П.
Како одлични домаќини, кратовчани со нетрпение ги очекуваат „Златните денови 2014“. За самиот град, ова ќе биде настан кој дополнително ќе го раздвижи градот, а со тоа и можност за сите посетители покрај природните убавини на градот, да ги запознаат и традициите и обичаите на овој дел од Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
По триста перипетии Стојанчо од Гевгелија им покажа на Бугарите како пее славеј (ВИДЕО)
-
Скандал во финалето на „Икс-фактор“: Пијаната Никол плачела без престан
-
Ги воодушеви со пеењето, а кога го соблече фустанот, членовите на жирито занемеа (Видео)
-
Уште една суперфиналистка на „Икс – фактор“ издаде соло песна (ВИДЕО)


