| четврток, 6 декември 2018 |

Со огномет започнува сезоната на ноќно капење во Аквапарк

Со голем огномет и многу сценски ефекти, овој петок, 20 јуни, започнува сезоната на ноќно капење во Аквапаркот во Пробиштип. Старото на ноќните забави кои на гостите им се добро познати од минатата сезона, е закажан за 22 часот.

За музиката се задолжени битолксиот фанки бенд во живо, „Кантри диџеј“ како и диџеј Цобе.

Аквапаркот во Пробиштип секој викенд во текот на целата сезона ќе овозможи забави со ноќно капење и гостување на познати бендови, пејачи и диџеи. Б

илетите се во препродажба по цена од 100  денари на билетарата на Аквапарк. Пред настанот ќе чинат 150.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top