| четврток, 6 декември 2018 |

Лекар нападнат од пациент завршил во Ургентен центар

tupanica

Лекар од Клиниката за гастроентерохепатологија бил претепан од син на пациентка, по што со потрес на мозокот и повреди по лицето и главата завршил на Хирушките клиники, дознава НОВА од извори во Ургентниот центар. Настанот се случил завчера попладне на дежурство додека лекарот пунктирал пациентка со малигно заболување на која требало да и се извади вода од стомакот. Во исто време работел и со друг тежок пациент со крварење.
Во еден момент пациентката ја измрдала раката, по што се извадила иглата. Докторот повторно ја наместил и го замолил семејството кое било бројно, да излезат од болничката соба за да не сметаат и тргнал по ходникот. Тогаш синот на пациентката на возраст од 25 години, го нападнал од зад грб, почнал да го мава со тупаници по главата и да го пцуе лекарот.
По ова дошло обезбедувањето, а лекарот итно бил однесен во Ургентниот центар каде што му била укажана лекарска помош и биле направени снимања на главата.
Случајот бил пријавен во полиција и во Лекарската комора.
Во Лекарската комора потврдија дека синоќа кај нив бил пријавен случајот.
-Да, точно е, вчера пријавен случајот кај нас. Ќе бараме заштита и тоа да се вметне во законската регулатива. За Конкретниот случај, откако утре ќе се состави Владата ќе бараме прием кај министерот за здравство, за да изнајде начин лекарите да добијат заштита во болниците – изјавил за НОВА, Кочо Чакаларовски, претседател на Лекарската комора.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top