| четврток, 6 декември 2018 |

Гостувањето на Бијонсе во Нигерија платено со пари за сиромашните

Претседателот на Нигерија Гудлак Џонатан потрошил милион долари од фондот за помош на сиромашните за да ја доведе мега популарната Бијонсе и нејзиниот сопруг Џеј Зи на музички фестивал во неговата земја што се одржал во 2006 година.

Овој податок излезе во јавност веднаш откако се дознало дека американската ријалити ѕвезда Ким Кардашијан минатата недела заработила неверојатни 500.000 долари само за да се појави на собир во Лагос на кој одржала „говор“ што траел цели 45 секунди.

Документот за скандалот со гостувањето на Бијонсе го објавила агенцијата Сахара рипортерс. Во него стојат потписите на официјални лица од нигериската држава Бајелс, а во писмото се вели дека Џонатан кој во тоа време бил гувернер на таа област, потрошил 150 милиони наири од фондот за борба против сиромаштијата за да го организира музичкиот фестивал „This Day“ кој во 2006 е одржан во Лагос. Не е познато дали Бијонсе и Џеј Зи знаеле дека настапот им е платен со пари за сиромашните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top