| четврток, 6 декември 2018 |

Македонско семејство тешко повредено во сообраќајка во Србија

Четиричлено семејство од Македонија, родители со две деца, се повредени кога на автопатот кај Јагодина, нивниот автомобил, од засега непознати причини слетал од патот, јави српски „Блиц“.

srbija-policija

Сите повредени се во болница, а според сознанија на „Блиц“, на едното дете му е ампутирана раката поради сериозноста на повредите. Таткото е со тешки повреди, додека мајката и другото дете се полесно повредени.

Причината за несреќата засега се непознати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top