| четврток, 6 декември 2018 |

Поројни дождови го сопреа сообраќајот во Дебарско

oblaci dozdПоројните дождови кои попладнево го зафатија дебарскиот регион созадоа проблеми во нормалното одвивање на локалниот сообраќај во долнореканското село Долно Косоврасти.

– Во атарот на долнорекансото село Долно Косоврасти имаше одрони на камен и кал на раскрсницата од каде продолжува патот кон бањскиот локалитет, односно хотелот „Термал“, како и патот кон селото Горно Косоврасти. Со механизација на дебарската секција на „Македонија пат“, возило на „Дебарски Бањи-Цапа“ и општина Дебар, наносите беа расчистени и по прекин од неколку часа сообраќајот беше нормализиран, изјави Адмир Горенца, раководител на дебарската дирекција за заштита и спасување.

Поројните дождови поплавија и подрумски простории на повеќе куќи во селото. Помали одрони од камен забележани се по должина на делницата Дебар – Жировница, на патниот правец Дебар – Маврово и делницата Дебар – Глобочица на патниот правц Дебар – Струга. Поради тоа се препорачува внимателно возење.

Дождот поволно ќе влијае во зголемувањето на дотекот на вода во Акумулацијата „Дебарско Езеро“ во која моментно има резерва на вода за производство на над 37  милиони киловат-часови електрична енергија. Нивото на акумулацијата изнесува 570 метри или уште два метра до максималната кота.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top