
фото: ЕПА
Претседателот на истражната комисија на ОН за Сирија Пауло Серџо Пињеиро, предупреди денеска дека граѓанската војна во Сирија „достигна точка што е закана за целиот регион“.
Пињеиро во својот извештај наведува дека „регионалната војна на Блискиот исток е закана да ги вовлече“ Техеран и Вашингтон. Тој истакнува дека конфликтот во Ирак ќе има насилни репрекусии во Сирија од кои најопасен е порастот на секташкото насилство како „директна последица на доминацијата на експремистичките групи“.
Екстремистичката група Исламска држава Ирак и Левант во изминатите недели успеа да презме контрола врз голма територија во централен и северен Ирак. За време на офанзивата, десетици луѓе загинаа и половина милион мораа да ги напуштат домовите. Дел аналитичари сметаат дека ако ИДИЛ може да го држи под контрола Мосул, втор по големина град во Ирак, и да зацврсти тука свое присуство, тоа ќе биде голем чекор кон остварување на нивната цел да создадат исламски емират што ќе се простира во Ирак и Сирија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


