Владниниот портпарол Александар Ѓорѓиев во вестите на „Канал 5“ телевизија истакна дека огласот на Владата за вработување на 379 лица за раководни позиции во државната управа и за членови во управните и надзорните одбори, наиде на огромен интерес.
Досега за само два дена, како што нагласи Ѓорѓиев, се пријавиле околу 180 кандидати, а целта на огласите е да се пријават најспособните и најквалитетните кaдри.
– Апелираме и ги охрабруваме сите оние кои имаат професионално искуство, соодветно образование, степени на знаења и вештини коишто се на едно повисоко ниво да аплицираат и да се здобијат со правото да раководат определена позиција – рече Ѓорѓиев за „Канал 5“.
Најголем интерес, посочи, има за позицијата Директор на бирото за јавни набавки, Директор на бирото за развој на образованието, Директор на бирото ја јавни набавки, поголем борј на позиции од областа на транспортот и врските, државните патишта и за претпријатието за станбен и деловен простор.
Огласот, нагласи Ѓорѓиев, е отворен за сите, потенцирајќи дека сите имаат еднакви шанси независно од ниванта национална и верска припадност, политичка ориентација, имотен статус или пол.
– Би било добро сите оние коишто имаат волја, сакаат да се вклучат во државните процеси, во реформите, да ја искористат оваа можност, би можеле на пример да аплицираат и лица коишто работат во рамките на приватниот сектор и извршуваат значајни функции во рмаките на првитаните компании да се охрабрат и доколку имаат волја да се вклучат во државната управа и државата да има корист од нивното искуство, од академските средини исто така можат да се вклучат, луѓето од факултетите – асистенти, демонстратори, буквално сите оние коишто имаат соодветно ниво на едукација и коишто извршувале значајни работи во нивната сфера на интерес – посочи Ѓорѓиев.
Тој додаде и дека огласот за ангажирање на волентери во Кабинетот на претседателот на Владата на Р.Македонија и во Генералниот секретаријат на Владата наишол на голем одзив од страна на студентите.
Многу студенти, како што рече Ѓорѓиев, ја препознале шансата што им се дава со овој оглас и над 200 млади луѓе од завршните годнини на факултетското образование аплицирале за волонтери.
– Во следниот период ќе започнат процесите на селекција и очекуваме овие млади лица да допринесат во работата на државните институции, но и да стекнат занења, вештини и искуство. Двострана корист има и за институциите и за самите млади луѓе коишто ќе стекнат соодветно професионлано искуство – ијзави валдиниот портпарол, додавајќи дека Јавниот повик за волонтери е дел од политиката на Владата за отворени врати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст