Идејното решение под шифрата „Мезе“ на авторите Филип Конески, Борко Георгиев и Иво Ѓорѓиев е првонаградено на конкурсот што го распиша Општина Центар за обнова на „Езерце“. Новиот изглед на ресторанот ќе биде во вид на школка.
– „Езерце“ е култно место, собиралиште на македонската културна елита, скопските боеми и граѓаните. Најголемиот број пријавени се млади луѓе, кои понудија смели идеи. Се покажа желбата за нешто ново, но и за задржување на автентичниот изглед. Приказната за „Езерце“ сега почнува, заедно со дискусијата како ќе изгледа новиот објект на ресторанот – изјави градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.
Дваесет и петте идејни решенија кои пристигнаа на конкурсот на Општина Центар синоќа беа претставени на изложба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.