Првиот турнир во одбојка кој го организира светски познатата компаниија „Дурекс“ на градската плажа во Скопје, ќе се одржи следниот викенд, на 5 и 6 јули.
Доколку имате натпреварувачки дух, сакате да запознаете нови луѓе и да се забавувате, „Дурекс“ овозможува за сите млади ентузијасти да ги измерат силите во одбојка на песок, велат од компанијата
– Ова е прв спортски турнир организиран од „Дурекс“ во Македонија. Се надеваме дека одбојкарскиот турнир ќе прерасне во традиција. Со турнирот сакаме преку спорт и забава да ја поттикнеме свесноста кај младите луѓе за заштитата од сексуално преносливи инфекции и ХИВ/СИДА. Очекуваме да се пријават голем број на млади, кои ќе се натпреваруваат на градската плажа во Скопје и можат да освојат дел од вредните награди – изјави Елена Гагиќ од „Меркур трејд“, генерален дистрибутер на „дурекс“ во Македонија.
За да учествувате на турнирот, потребно е да ги исполнувате следните критериуми: да имате повеќе од 16 години, да имате желба да се натпреварувате во одбојка на плажа и да имате уште 3 пријатели со иста желба за да оформите тим.
Вашите податоци, име, презиме и контакт телефон испратете ги на „Фејсбук“ страницата на Дурекс Македонија, најдоцна до 25 јуни.
Секој од пријавените тимови ќе добие име на некој од продуктите на „Дурекс“, како и брендирани маици. За најдобрите следуваат награди: таблети, фотоапарати, МП3 плеери, „дурекс“ производи и останати изненадувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.